Дали се чисти биографијата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска пред можното заминување на нова функција-амбасадор на РМ во Вашингтон. Во владата не ги потврдуваат овие информации, но со анализа на се што се случува на политичката сцена може да се дојде до таков заклучок.

Вчера ОЈО ги отфрли обвинувањата или кривичната пријава против министерката поднесена од кандидатот на ВМРО ДПМНЕ кој не стана пратеник, Драган Ковачки. Тоа беа обвинувања за злоупотреба на службената положба и овластувања. Вчера Шекеринска имаше работна посета на Криволак во придружба на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнс.

Како да се подготвува терен за одење на Шекеринска на амбасадорска функција во Америка. Минатата недела, кога најави дека нема повеќе да има и да се кандидира на висока функција во СДСМ, таа не ги отфрли категоричко прашањата дали ке биде нов амбасадор со САД.

Во изминатите 30 години од СДСМ имале самао краток временски период амбасадор во Вашингтон.Тоа беше поранешниот Претседател на Собранието, Љупчо Јордановски. Но тој и тогашниот амбасадор во Велика Британија, Ѓорѓи Спасов беа вратени по нивните јавни настапи во одбрана и со критика на тогашниот лидер на СДСМ и екс премиер, Владо Бучковски. Тоа беше во периодот пред Конгресот на СДСМ, кога по изгубените избори во 2006 година, Спасов му побара оставка на Бучковски и лобираше за Шекеринска, а Јордановски го бранеше Бучковски.

Тогашната влада на Груевски сметаше дека е несоодветно амбасадорите да имаат политички настапи и изјави. Во договор со тогашниот Претседател, Бранко Црвенковски тие беа вратени во Скопје.

Инаку досега македонски амбасадори во Америка биле Љубица Ачевска како решение на Киро Глигоров, Никола Димитров, решение на Борис Трајковски и ВМРО ДПМНЕ, Зоран Јолевски, решение на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, Васко Наумовски, решение на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Дали е сега дојдено време за прв пат кадар на СДСМ да истера цел амбасадорски мандат во Вашингтон!?

“Номинацијата” на Љубомир Фрчкоски се покажа како неуспешна. Дали сето тоа беше подготовка на терен за нова амбасадорска кариера на Шекеринска ќе покаже времето.