Дали Диего Армандо Марадона несовесно бил лекуван пред да почине на 25 ноември? На тоа прашањето одговор треба да даде истрагата, бидејќи јавноста во Аргентина е сериозно вознемирена од самата помисла дека славниот фудбалер починал поради можна небрежност на медицинскиот персонал.

Неврохирургот Леополд Луке е осомничен за несовесно лекување, а Обвинителството ќе утврди дали ќе започне истрага против него.

Марадона почина во својот дом, немаше дефибрилатор до себе, а медицинската сестра која го чуваше го остави да спие на кобниот ден, наместо да ја провери неговата здравствена состојба.

Дајана Жизела Мадрид (36), медицинска сестра, призна дека била принудена да напише лажен извештај за компанијата каде што работела, наведувајќи дека се обидела да го испита Марадона, но го оставила да спие и да се одмори.

Марадона беше пуштен од болница на домашно лекување на 11 ноември по операцијата за крварење на мозокот.