Модната марка „Гучи“ лансираше фустан за мажи со сатенска лента и јака. Идејата беше да се прекине со токсичните стереотипи кои го обликуваат идентитетот на машкиот пол.

Идејата за флуидност и кршење на стереотипите на овој начин е одлична. Проблемот со оваа креација е што чини многу, и не е толку убава како некои други парчиња „Гучи“ од новата колекција. Дали би ја носеле?

Долгата портокалова кошула со јака Петар Пан стана тема број еден на социјалните мрежи од повеќе причини.

Фустанот-кошула е инспириран од стилот „гранџ“ од деведесеттите години, неговата цена е 2.200 евра, а има и сатенска лента околу струкот, која се врзува во машна.

Истиот фустан може да се купи во цветен дезен и во таа варијанта е малку поевтин.

Фустанот за мажи се појави неколку недели откако „Гучи“ пушти фармерки со дамки од трева, што предизвика големи полемики.