Мерием Узерли, турската актерка која се прослави како Хурем Султан во серијата „Величествениот“,  се породи на 8 јануари со своето второ дете.

Мерием доби ќерка, а од фотографијата може да се види дека девојчето веќе има коса.
Актерката истакна дека е пресреќна, а го откри и името на нејзината наследничка.

Таа ја сподели среќната вест на „Инстаграм“, каде објави и фотографија на која позира со новороденчето во раце, а емотивната сцена ги разнежни сите.