Кочо (Коста Солев) Рацин е роден во 1908 година, во Велес. Уште во детството ја запознава сиромаштијата. Неговиот татко, грнчарот Апостол, не можел да му пружи којзнае какво школско образование, бидејќи грнчарскиот занает и состојбата на семејството барале многу напори и време за малечка заработувачка. Кочо можел да добие одвај еден клас нижа гимназија и веќе на својата тринаесетта година бил присилен да му се посвети целосно на татковиот занает.

На Кочо Рацин

„Стој!“ в самрак викаат стражи.
Но поетот и натаму низ шума оди.
Пукот. Пад. Кошула што наеднаш се влажи.
И потоа врз сѐ течат води.

Течат води, брегови рушат.
Потоа рекле: глув бил поетот.
Не: поетот нечујни гласови слушал.
Глуви се сите стражи на светот.

Влада Урошевиќ


Напишете коментар