Претседателскиот авион на убиениот романски комунистички лидер Николае Чаушеску е на аукција.

Ромбак 1-11, кој се користеше за официјални летови на диктаторот помеѓу 1986 и 1989 година, ќе се најде на продажба на 27 мај со почетна цена од 25 000 евра, објави Си-Ен-Ен.

Изграден во Романија под лиценца на British Aircraft Corporation, во текот на 1980-тите, а врз основа на моделот БАС 1-11, се смета за „скапоцен камен на локалната авијација“, според Артмарк, аукциската куќа одговорна за продажбата.

Авионот со 119 седишта е еден од деветте Ромбак 1-11 изграден под британска лиценца пред 1989 година.

Ромбак 1-11 ја направи Романија прва комунистичка земја, по Советскиот сојуз, во рамките на комунистичкиот систем што произведува патнички авиони. Неговите мотори Ролс-Ројс Спеј исто така се произведуваат локално под британска лиценца.

Чаушеску бил сведок на првиот официјален лет на авионот во 1982 година.