Протестите во Бугарија поради раширената корупција ескалираа во судири со полицијата кај зградата на Парламентот, кој, пак, треба да започне расправа за нов состав.

Опозицијата и демонстрантите ја одбиваат расправата сметајќи дека тоа е план на премиерот Бојко Борисов да купи време и да го продолжи својот опстанок на власт, пренесе Радио Слободна Европа.

Илјада Бугари се собраа во средата пред Парламентот на најголем протест во изминатите два месеци демонстрации на кои се бара оставка од премиерот Борисов.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *