Портпаролката на Министерството за одбрана на Ерменија, Шушан Степанјан, соопштила дека армијата соборила два азербејџански беспилотни летала во Карабах.

„Единиците за противвоздушна одбрана (Карабах) соборија два непријателски беспилотни летала во источниот дел на фронтот околу 9:30 часот“, напишала Степанјан на Фејсбук.

Претставникот на Министерството за одбрана на Ерменија, Аркрун Хованисјан, објавил дека во моментов се водат „тешки и одлучувачки битки“ за вториот по големина град во Нагорно-Карабах – Шиши.

Претседателот на Нагорно Карабах, Араик Арутјунјан, изјави дека неделната „зора била една од најтешките во неговиот живот“.