Рано утринава, членовите на јавната противпожарна станица во Загреб и вработените во компанијата „Мамут“ започнаа со подготовките за отстранување на кулата на Катедралата Возвишување на светиот крст во Сисак.

Во операцијата за отстранување на кулата се вклучени околу 30 лица. Станува збор за пожарникари и градежни експерти кои работеле на отстранување на штетите од загрепската катедрала и веќе имаат искуство со вакви работни места со големи напори.

Координаторот на операцијата во име на бискупијата во Сисак, Давор Врбанек, вели дека целата операција ќе трае неколку часа.

Останува да се процени дали прво ќе се отстрани крстот, а потоа и кулата или сите заедно. Откако ќе биде отстранета кулата, ќе се отстранат и трите звона на горниот дел или на врвот од кулата. Врбанек очекува целата операција да трае денес и утре.

Кулата на катедралата претрпе големи штети во земјотресот и се помести за цели 23 сантиметри и постои сериозна опасност кулата да падне во случај на нови земјотреси.