Веднаш по изборот на новата израелска влада и Нафтали Бенет за премиер, Израелците излегоа на улиците во Тел Авив да го прослават крајот на дванаесетгодишното владеење на Бенјамин Нетанјаху.

Претходно, новата израелска коалициска влада , која се состои од осум партии, освои мнозинство на парламентарните гласања.

Гласањето беше тесно, а новата влада доби поддршка од 60 од 120 пратеници во Кнесет, додека 59 пратеници беа против.

Веднаш по гласањето, Бенет и членовите на неговата влада положија заклетва.

Нетанјаху , кој останува на чело на партијата Ликуд, ќе биде лидер на опозицијата.

Вечерва израелскиот парламент избра нова коалициска влада на таа земја, со што заврши 12-годишното владеење на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Поранешниот сојузник на Нетанјаху, десничарот Нафтали Бенет е избран за нов премиер, пренесува АП.

Тој наведува дека ќе раководи со „разновидна и кревка коалиција составена од осум партии меѓу кои има длабоки идеолошки разлики“.

Ви благодарам, Нетанјаху, за долгата служба во име на државата Израел, рече Бенет во израелскиот парламент пред гласањето за доверба на неговата коалициска влада.