Слободан Милошевиќ ќе биде тема во новата документарно-играна серија.

Новата серија “Срцето на злочинот” ќе се емитува од есен, а втората сезона се занимава со убиствата во времето на Слободан Милошевиќ

Првата епизода ќе и биде посветена на новинарката Дада Вујосановиќ и нејзината мистериозна смрт, а останатите ликови ќе бидат мажи убиени во деведесеттите години.

Некои злочини се посебни приказни, а некои послужиле како повод за анализа на слични ситуации и проблеми кои доведуваат до насилство, убиства и други кривични дела.

Соговорници се сведоци на злосторствата, жртви, полицајци, судии, тужители, адвокати, доктори, психолози, форензичари…

Новинарката Дада Вујосановиќ ќе ја игра актерката Јована Стевиќ, на која ова ќе и биде прва главна улога.

Покрај серијалот “Срце на злочинот” публиката наредната година ја очекува серијата „Семејство“, каде главни ликови ќе бидат членови на семејството на Милошевиќ. Режисер и сценарист на петте продолженија е авторот Бојан Вулетиќ. Се очекува оваа приказна да привлече големо внимание, не само во Србија.


Напишете коментар