Според тамошните медиуми, раперот Стефан Раста предизвикал проблем во затворот во понеделникот вечерта, кога наводно се степал со чуварите.

Според приказната, Раста веќе со денови не бил добар бидејќи за целото време поминато во притвор, пејачот не ја видел својата ќерка Тара, ниту има можност да разговара со неа на телефон. Среде нервен слом, тој започнал да вика и да ги удира чуварите, кои биле принудени повторно да му стават лисици.