Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на границата меѓу Русија и Монголија, соопшти вечерва Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот бил регистриран на 277 километри југозападно од градот Ангарск, во рускиот регион Иркутск и на 30 километри од монголскиот град Турта, во средината на езерото и помеѓу два вулкани, на длабочина од 10 километри.

Нема извештаи за жртви или материјална штета.