Земјотрес со јачина од 4,4 степени според рихтер ја стресе Грција малку по полноќ, соопшти Националната опсерваторија на Атина. Епицентарот е на 17 километри северно од градот Егио и 32 километри од градот Патра, јавија агенциите. Земјотресот се случи на длабочина од околу 4 километри, на копното во близина на Навпактос. Нема извештаи за жртви.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 5,1 степен според рихтеровата скала.

Жители на регионот на Пелопонез, изјавија дека земјотресот бил многу долг. Се чувствуваат и многу последователни потреси, кои се скоро постојани, споделуваат исплашените граѓани.