Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јужната иранска провинција Бушер, каде што се наоѓа нуклеарната централа.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри во градот Рига, а болниците во околните градови и провинции се подготвени ако им треба помош.

Спасувачките екипи и 50 амбулантни возила беа испратени на местото на земјотресот, каде што се снема струја, а телефонските врски и интернетот се прекинати.

Луѓето излегоа на улиците од страв од нови земјотреси, пренесе Ројтерс извештајот на полуофицијалната новинска агенција Тасним.

Епицентарот на земјотресот е оддалечен 100 километри од нуклеарната централа, а иранските медиуми наведоа дека се забележани уште шест последователни земјотреси, а попатно се прикажани фотографии од одредени урнати sидови во некои села.

Претставник на владата првично изјави за Ројтерс дека нема информации за штета во нуклеарниот комплекс.

Земјотрес ја погоди областа Бандар Гонаве утрово. Засега нема извештаи за штета, објави државната телевизија.

Иран е една од земјите најпогодени од земјотреси во светот.