Претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување Доналд Трамп во последните четири години објави повеќе од 25.000 пораки на социјалната мрежа Твитер, пренесува Анадолија.

Новинарите на Асошиејтед Прес (АП) објавија низа податоци поврзани со мандатот на Трамп во Белата куќа, а, меѓу другото, во извештајот се наведува дека повеќе од 322 000 луѓе починале како резултат на инфекција со коронавирус во САД во тој период.

Во извештајот се наведува дека Трамп ја започнал кампањата „Warp Speed“ за време на која американски експерти развиле шест вакцини против коронавирус, а администрацијата на Трамп одобри употреба на две вакви вакцини развиени од Модерна и Фајзер во соработка со германскиот партнер Бионтек

За време на неговиот мандат, Трамп многу се справуваше и со судството во САД, и тој назначи тројца судии на Врховниот суд, а со тоа и во таа деветчлена палата на правдата, тој направи предност од шест спрема три во односите меѓу конзервативните и либералните судии.

Трамп назначи вкупно 221 судии и во федералните и во апелационите судови.

Посебно внимание на јавноста привлече и кризите со кои се соочуваше американскиот Пентагон за време на мандатот на Трамп.

За време на мандатот на Трамп, како шеф на државата, тој во Министерството за одбрана на САД (Пентагон) замени четворица вршители на должноста министри, што е рекорден број во еден претседателски мандат.

Во исто време, уште еден американски рекорд беше поставен во Пентагон за време на мандатот на Трамп, а станува збор за фактот дека шеф на тој оддел 203 дена беше министер за кого немаше гласање за доверба во Сенатот, но ја извршуваше функцијата вршител на должноста министер.

За време на неговиот четиригодишен мандат во Белата куќа, Трамп ги повлече САД од четири меѓународни договори, а тоа се Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, Парискиот договор за климатски промени, Договорот за отворено небо и Договорот за елиминација на нуклеарни ракети со краток и среден дострел (INF).

Доналд Трамп објави повеќе од 25.000 пораки на Твитер за време на неговиот мандат како претседател на САД, и помина 315 дена играјќи голф.

.