Повеќе од една милијарда дози вакцини се дистрибуирани ширум светот, помалку од пет месеци по почетокот на првите кампањи за вакцинација, според направените пресметки на АФП.

Најмалку 1.002.938.540 дози се доставени во 207 земји и територии, според официјални извори. Повеќе од половина или 58 проценти, се во три земји: Соединетите држави со 225,6 милиони, Кина со 216,1 милиони и Индија со 138,4 милиони. Сепак, како процент на вакцинирано населението на прво место е Израел, каде што скоро 60 проценти од Израелците се веќе целосно вакцинирани.

Следат земји како Велика Британија, каде 49 проценти од населението примило барем една доза, Обединетите Арапски Емирати (над 51 процент), САД (42 проценти), Чиле (41 процент), Бахреин (38 проценти) и Уругвај (32 проценти).

Во ЕУ се дадени 128 милиони дози на 21 процент од населението. Најмногу во Малта (47 проценти) и Унгарија (37 проценти). Најнаселените земји се околу просекот на унијата – во Франција 20,5 проценти, во Германија 22,6 проценти, во Италија 19,9 проценти и во Шпанија 22,3 проценти.

500-милионитата доза беше дадена четири месеци по почетокот на кампањата за вакцинација, но за да се удвои тој број, требаше помалку од еден месец.

Богатите земји – според критериумот на Светска банка за високи приходи – каде што живеат 16 проценти од светската популација сочинуваат 47 проценти од вакцините што се дадени досега. Во земјите со ниски примања се даваат само 0,2 проценти од дозите, информира БТА.

Дванаесет земји сè уште не го вакцинирале своето население – седум во Африка (Танзанија, Мадагаскар, Буркина Фасо, Чад, Бурунди, Централноафриканска Република и Еритреја), три во Океанија (Вануату, Самоа и Кирибати) и по една во Азија (Северна Кореја) ) и Кари (Хаити).

И покрај полемиките, вакцината АстраЗенека е најраспространета во светот, која се користи во најмалку 156 од 207 вакцинирани земји и територии, или 75 проценти. Потоа следат Фајзер (најмалку 91 земја, 44 проценти), Модерна (најмалку 46 земји, 22 проценти), Синофарм (најмалку 41 земја, 20 проценти) и Спутник V (најмалку 32 земји, 15 проценти) и Синовак (барем во 21 земја, 10 проценти).