Фармер од Индија се збогатил преку ноќ откако пронашол дијамант од 14.9 карати.

Лахкан Јадав минатиот месец почнал да работи на изнајмено земјиште, за набрзо во калта да пронајде дијамант вреден околу 65 илјади евра.

Тој си се почестил со мотор, а купил уште два хектари земјиште и два бивола кои што ги добил како компензација.

Овој фармер изјавил дека не мисли да купува ништо големо со парите од дијамантот туку планира парите да ги вложи паметно.


Тој исто така навел дека планира уште одредено време да обработува земја, а можеби и да го продолжи својот закуп. Покрај тоа, тој се надева дека среќата ќе му се насмевне уште еднаш и дека ќе пронајде уште некој дијамант.