Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и маски FFP2 за ресторани,продавници, јавен превоз, посочи Курц.

Пандемијата за вакцинираните помина, но сега имаме пандемија на невакцинираните, истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц.


Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и маски FFP2 за ресторани, трговија, јавен превоз, посочи Курц.

Тој посочи дека многумина се вакцинирани и не треба да се справуваат со мерките, но сепак има 30 проценти од граѓаните кои не се вакцинирани и не се заштитени, па мора да знаат дека во некој момент ќе мора да бидат заразени со корона.

Токму поради невакцинираните, се уште се потребни минимум мерки. Повеќе сакам се да биде отворено за тие 70 проценти од населението, отколку се да биде затворено, објасни Курц.

Тој, исто така, ја критикуваше Партијата за слобода на Австрија (ФПО) за ширење страв и кампања против вакцинација.

Не сум среќен поради тоа, бидејќи во најлош случај се работи за живот и смрт. Затоа би сакал посериозен пристап од таа партија – нагласи тој.