Една од првите што ги почувствува придобивките од ноќниот живот е Жан Кјонг, која го прослави својот 29. роденден со пријателите во пивница во градот Вухан.

„По сè она што го доживеав за време на првиот бран на пандемијата на коронавирус во Вухан, а потоа по укинување на рестриктивните мерки, се чувствувам како да живеам втор живот“, рече Жанг, која работи во продавница за текстил во Вухан, град за кој многумина веруваат дека беше првото жариште на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“

Додека таа и нејзините пријатели го славеа нејзиниот роденден, луѓето надвор се радуваа, имаше забави низ целиот град, со еден збор, Вухан се претвори во град на фестивали.