Двајца државјани на БиХ беа уапсени откако во Зворник беше спречено шверцување на седум крави од Србија во БиХ.

Според Српска инфо, уште три лица, кои биле во врска со овој шверц на крави преку Дрина, заминале во правец на Србија, откако „виделе полицајци“.

Обидот за криумчарење, кој беше откриен на 16 јануари, беше спречен од службеници на единицата за гранична полиција Зворник, во соработка со членови на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА), кои обезбедуваат помош во контролата на границата.

  • Поради основано сомневање дека е сторено кривично дело криумчарење, ќе се поднесе пријава до Обвинителството на БиХ против двајца државјани на БиХ – соопшти Граничната полиција на БиХ.

Највпечатливо од се е што тие сакале да ги јаваат кравите додека одат кон БиХ. Но откако виделе дека не може почнале да одат во по водата на реката Дрина каде што и биле уапсени.