Секоја петта германска компанија не ја исклучува можноста од колапс заради последиците од нападот на коронавирусот врз економијата, објави Институтот Ифо.

Би можеле да видиме бран на несолвентност во наредните месеци во Германија – предупреди истражувачот на Институтот Ифо, Стефан Сауер.

Според резултатите од истражувањето, најголем страв од затворање бизнис меѓу германските компании постои во секторот услуги, во кои 27 проценти од претприемачите проценуваат дека нивниот понатамошен бизнис е под голем прашалник.

Во рамките на услугите, според истиот извор, најнесигурни во однос на натамошно работење се тур-оператори (85 проценти од испитаниците), хотели (76 проценти) и ресторани, меѓу кои 67 проценти од претприемачите не ја исклучуваат можноста за затворање.

Меѓу другото, повеќе од половина од претприемачите во металната индустрија го оценуваат нивниот понатамошен опстанок на пазарот како неизвесен.

Извештајот Ифо исто така предупредува на голема неизвесност во текстилната индустрија, каде 38 проценти од претприемачите не ја исклучуваат можноста за пропаѓање, индустријата за хартија (28 проценти) и кожарската индустрија (27 проценти), додека дополнителни загриженост се предизвикани од неизвесноста на автомобилската индустрија и нејзините добавувачи каде 26 отсто од претприемачи се сомневаат во понатамошното работење.

Нешто помалку неизвесност кај германските бизнисмени владее во трговскиот сектор (21 процент од анкетираните компании стравуваат од прекинување), додека најмалку стравуваат од ефектите на коронавирусот врз економијата во градежниот сектор, каде што само два проценти од претприемачите се сомневаат во понатамошниот бизнис.

Ифо укажува и на високата неизвесност што преовладува во креативната и забавната индустрија, каде 55 проценти од компаниите и независните уметници и професионалци ја остава отворената можност за затворање заради коронавирус.


Напишете коментар