Иако се чини дека сексот во 30-тите ќе биде далеку подобар и повозбудлив затоа што веќе имате искуство, како што стареете, работите почнуваат да се менуваат. Проверете што точно се случува во телото, во главата, но и со сексуалната желба.

Некои можеби мислат дека сексот останува ист до длабока старост, но нашето тело е сложен механизам – исто како и главата. Од тинејџерските години до средината на 20-тите години, со телото управуваат огромна количина на хормони, така што повеќето луѓе се секогаш подготвени и желни.

Најчести проблеми на помлада возраст се предвремена ејакулација кај мажите, додека кај жените е тешко да се постигне оргазам. Како што влегувате во 30-тите години, работите се менуваат и таа промена не е нужно лоша или подобра – треба само да се прилагодите на новитетите.

-Треба повеќе време за да се возбудите, но и за да постигнете кулминација

-Неодамнешното истражување на магазинот Top Sante покажа дека 80 проценти од жените во нивните 40-ти се поактивни и посамоиницијативни во сексот отколку во нивните 20-ти.

-Хормоните влијаат на гениталиите

 -Мажите и жените над 30 години веруваат дека нивниот сексуален живот станал подобар и позначаен