Министерот за економија Крешник Бектеши дал дозвола да се организира таканаречена „организирана вечера“ со послужување на храна на угостителски објект во Скопје.
Во согласноста стои потсетување дека е забрането да се организираат свадби, крштевки и родендени, што е во согласност со сите одлуки на Комисијата за заразни болести и на Владата, но за здравствените власти спорна е затоа што кога се дава дозвола за таканаречена организирана вечера, тоа само официјално не мора да се вика свадба, а може да биде вечера на која ќе присуствуваат и повеќе од 100 луѓе.
