Животот на Антарктикот не е лесен, особено во зима кога температурите се спуштаат до минус 50 Целзиусови степени, поради што на жителите понекогаш им е забрането да излегуваат од своите домови по неколку недели.

Вила Лас Естрелас е името на чилеанско село лоцирано на Антарктикот. Тоа е всушност истражувачки состав и воена база која е оддалечена 1.000 километри од првата голема болница, така што луѓето можат да се преселат овде само откако ќе се оперираат со слепо црево.

Ова правило важи за научниците и воениот персонал кои главно ја населуваат оваа база, но и за нивните семејства.

Има само неколку лекари во Лас Естрелас, но ниту еден од нив не е специјализиран хирург . Затоа луѓето мора да бидат подготвени за фактот дека итните операции не можат да се изведат на самото место и да се прилагодат на таквите услови за живот.

Од истата причина, на жените не им се препорачува да забременат додека живеат во базата.

Во текот на летото, околу 150 луѓе живеат овде ,а во зима тој број е преполовен. Куќите се направени во светли бои како контраст на сивото и мрачно време што овде е секојдневна појава.

Селото е опремено со сите основни институции, тие имаат мало училиште, пошта и банка, теретана, но и руска православна црква и продавница за сувенири. Има дури и хостел со дваесетина бесплатни соби.

Тие комуницираат со остатокот од светот преку сателитски телефони, а во училиштето има неколку компјутери со пристап до интернет.