Белградската полиција вчера го пронашла распарчениот труп на еден човек, во стан во Глогоњски рит во близина на Белград, а набргу потоа се покажало дека станува збор за телото на починатиот татко, кое ментално болниот син, во отсуство на друга храна, го јадел со денови.

Полицијата најпрво мислеше дека станува збор за уште еден случај на човек кој починал сам, заборавен од сите, но потоа го пронашле неговиот ментално болен син кој, откако почина неговиот татко, немаше што да јаде, па преживеа јадејќи месо од својот татко.

Имено, според првите наоди од истрагата, мажот е мртов најмалку седум дена, а засега не е познато како починал. Хоророт во Глогоњски рит е откриен поради неподносливата смрдеа која со денови се ширела од станот, поради што соседите повикале полиција и пожарникари.

Кога полицијата влегла во станот, имало крв од сите страни, а во една просторија на креветот лежело распарчено тело. Како што велат, синот се скрил, а кога го пронашле се видело дека е целосно изгубен и запоставен, пишува Информер.

Да потсетиме, полицијата наскоро утврди дека момчето не може само да оди во продавницата и дека, кога починал неговиот татко, тој останал без храна, но тој не излегол од станот. Итно е пренесен на Клиниката за инфективни болести, каде ќе бидат направени сите потребни тестови.

Телото на починатиот е испратено до Институтот за судска медицина, каде ќе се утврдат точните причини за смртта.