Иако тие го објавија разводот мирно, со образложение дека „повеќе не веруваат дека можат да се развиваат заедно како пар во следната фаза од животот“, тој процес е далеку од мирен.

Разводот на Бил и Мелинда Гејтс е далеку од „мирен“, како што е презентиран во јавноста, а семејството е луто на Бил Гејтс. Основачот на „Мајкрософт“ и неговата сопруга всушност го завршија бракот во март, иако сè беше откриено само пред неколку дена, тврдат американските медиуми.

Бил и Мелинда Гејтс сакаа да го објават разводот во март, но нивните адвокати ги советуваа да не го прават тоа пред да се постигне спогодба за бракоразводната парница, пишува американскиот ТМЗ.

Според овој медиум, Мелинда Гејтс очекувала дека официјалното соопштение за разводот ќе предизвика огромно медиумско внимание, па за да го избегне тоа, заминала на изолираниот остров Каливини на Карибите, за кој се верува дека го изнајмува по цена од 132 000 долари на ден.

Со неа отидоа нејзините три деца од бракот со Бил, како и неколку други неименувани лица.

Бил Гејтс не бил присутен на тоа патување, бидејќи семејството е „многу луто“ на него, според американските медиуми, но причините за тоа не се познати.

Иако тие го објавија разводот мирно, со образложение дека „повеќе не веруваат дека можат да се развиваат заедно како двојка во следната фаза од животот“, тоа е далеку од мирно, тврди ТМЗ.

Според изворите на овој медиум, сите оние кои биле со Мелинда, односно трите деца заедно, на островот во сопственост на милионерот Џорџ Коен, „застанале на страната на Мелинда“ и „му се лутат на Бил поради различни работи“.

Деталите зошто Гејтс се разведуваат по 27 години брак сè уште не се познати, но американските медиуми тврдат дека Мелинда била таа што го иницирала разводот, наведувајќи во барањето до судот дека нивниот „брак е неотповикливо раскинат“.

Од трите деца на Гејтс, единствената ќерка Џенифер Кетрин (25) јавно го коментираше развод на нејзините родители. Таа на својот профил на Инстаграм напиша дека „семејството минува низ предизвикувачки период”.

Засега не се познати други детали за разводот, освен шпекулациите во медиумите дека Бил Гејтс е во врска со Же “Шели“ Ванг, која работи како преведувач во нивната фондација, што категорично го демантираше на социјалните мрежи.

Исто така, медиумите споменуваат дека Бил Гејтс редовно одел на одмор со неговата поранешна девојка Ен Винблад, за што Мелинда наводно се согласила за време на нејзиниот брак.