Деца под 16 години

Сè уште нема доволно докази за тоа како вакцината „Фајзер“ влијае на децата. Вакцината е тестирана на возрасни, а тестирањето на деца не е на приоритетната листа затоа што доколку се заразени со вирусот тие обично имаат благи симптоми или воопшто немаат. Секако се спроведуваат понатамошни истражувања за подобро разбирање како вакцината „Фајзер“ влијае на безбедноста кај децата.

Луѓе со алергии

Предупредувањето дојде откако двајца здравствени работници во Велика Британија имаа сериозна алергиска реакција на вакцината.

Бремени жени

Се уште се смета дека е ризично да ја примат оваа вакцина, откако дојде до неочекувани негативни ефекти во Англија. Затоа е забранета употребата на оваа вакцина кај бремените жени.