Лошата форма на Давид Де Хеа го натера Манчестер Јунајтед да прави промена на голманската позиција.

Шпанецот е далеку од своите најдобри денови поради кои доби богат договор од „црвените ѓаволи“. Тоа е причината поради која Оле Гунар Солскјер одлучи Дин Хендерсон да го направи прв избор за голманската позиција.

Во англиските медиуми се пишува дека ова е крај на кариерата за искусниот шпански голман на „Олд Трафорд“. Наводно тој ќе добие голема сума на пари за да го прекине договорот и ќе има слобода да ја продолжи кариерата на друго место.

Ова е шанса за европските гиганти кои во минатото беа заинтересирани за Де Хеа. Овојпат ќе можат да преговараа за далеку пониска плата, со оглед на моменталната ситуација во која што се наоѓа 30-годишникот.

Шпанскиот интернационалец го носи дресот на Јунајтед од 2011 година, кога пристигна од Атлетико Мадрид за сума од 19 милиони фунти.