Тимот на американската сајбер команда беше во Црна Гора за да испита дали руските хакери провалиле во мрежите на црногорската влада, откри шефот на американската Агенција за национална безбедност и командант на американската сајбер команда, Пол Накасон.

Во својот авторски текст за Надворешна политика, Накасон објаснил која е задачата на тимот што го предводел.

На почетокот на октомври 2019 година, припадници на американската сајбер команда слетаа во Подгорица, на покана на Владата на Црна Гора. Црна Гора се соочи со зголемени сајбер закани од Русија по влегувањето во НАТО во 2017 година, а тимот за сајбер команда беше таму за да ги испита знаците на руско продирање во мрежите на црногорската влада.

Работејќи рамо до рамо со црногорските партнери, на тимот му беше дадена можност да ја подобри американската сајбер одбрана пред изборите во САД во 2020 година, рече Накасон.

Американскиот разузнавач исто така објасни дека токму на примерот на Црна Гора ја примениле нова стратегија во борбата против сајбер заканите.

Hunt Forward мисијата во Црна Гора беше нова, поактивна стратегија за борба против заканите на Интернет, што ја одразува револуцијата на сајбер командата во претходната деценија – од реактивна и одбранбена, до поефикасен, проактивен став наречен „упорен ангажман“ – рече Накасон.

Според Накасон, тоа значи дека тие веќе не чекаат да бидат нападнати за да реагираат, туку дејствуваат пред нападот.

Кога беше основана Сајбер командата во 2010 година, оперативната претпоставка беше дека нејзиниот фокус треба да биде насочен кон обид за спречување на инфилтрација или оневозможување на воените мрежи. Но, реактивниот и одбранбен став се покажа како несоодветен за управување со надоаѓачките закани. Дури и кога војската научила подобро да ги заштитува своите мрежи, непријателските напади станале почести, софистицирани и пожестоки. Сфативме дека не можеме да си дозволиме да чекаме сајбер напади да ги погодат нашите воени мрежи. Научивме дека одбраната на нашите воени мрежи бара спроведување на операции надвор од нашите воени мрежи, рече тој.

Претставници на американската компјутерска команда ( CYBERCOM ) беа во Црна Гора минатиот октомври.

За време на нивниот престој во Црна Гора, тие добија информации за делувањето и форматот на руските сајбер закани.

Воениот секретар на Пентагон, Рајан Мекарти, изјави дека повеќето од податоците се класифицирани, но дека добиените информации во Црна Гора им помогнале да развијат подобра сајбер стратегија!


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *