Кина сака да ги сруши Соединетите држави и да стане господар на светот, а тоа претставува најголема закана за Вашингтон, изјави директорот на Националната разузнавачка служба на таа земја, Џон Ратклиф.

Кина претставува најголема закана за Америка денес и е најголема закана за демократијата и слободата на целиот свет по Втората светска војна. Наш предизвик е да се спротивставиме на напорите на Пекинг да го промени и да доминира во светот, напиша Ратклиф во коментар за Волстрит журнал.

Ратклиф посочи дека Кина е одговорна за кражба на интелектуална сопственост и економска шпионажа и додаде дека тоа ги чини САД 500 милијарди долари годишно.

Директорот на Националната разузнавачка служба на САД исто така го обвини Пекинг дека прави супер војници, пренесува „Русија денес“.

Кина спроведува експерименти врз припадници на војската со цел да развие воени сили со подобрени биолошки способности. Нема етички граници во потрагата по моќ на Пекинг, тврди Ратклиф.

Тој додаде дека кинескиот претседател Си Џинпинг има план таа земја да ја направи најсилната воена сила во светот.