Лидерот на Исламска држава (ИД) Амир Мухамед Саид Абдел Рахман ал-Маул, познат и како Абу Ибрахим ал-Хашеми ал-Кураши, работел за САД, објави Вашингтон пост.

Според документите на Пентагон цитирани од медиумите, сегашниот водач на терористичката група е уапсен од американската војска во Ирак кон крајот на 2008 година или почетокот на 2009 година. Триесет и едногодишниот тогашен командант на борбена единица на Исламската држава брзо се согласил да соработуваат со американските сили и давал многу корисни информации, се вели во објавениот текст.

Врз база на добиените информации Американците убија двајца високи команданти на ал-Каеда во Ирак. Ал-Кураши им ги откри на американските служби џихадистички собири, обезбеди информации за извори на финансирање Ал-Каеда и ум ги предаде своите ривали во ИД на САД, додаде весникот.

Тој е себичен и алчен човек. Тој постојано се жали дека не му даваме доволно пари за информациите што ни ги дава, пишува психолошкиот портрет на Ал Кураши, цитиран од Вашингтон пост.

Медиумите додаваат дека околностите околу ослободувањето на водачот од заробеништво во САД остануваат нејасни

За Ал-Кураши се верува дека е роден во 1976 година во турско семејство во Ирак и бил еден од основачите на Исламската држава (своето постоење го објави во 1999 година). Тој го презеде раководството на организацијата по атентатот врз Абу Бакр ал Багдади во 2019 година.

Според американските разузнавачи, новиот лидер се крие во пустински области на границата меѓу Ирак и Сирија.