Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека не смета дека Русија претставува директна воена закана за Алијансата, но дека таа зајакнува и дека ја користи својата воена моќ против соседите.

Тој даде изјава во интервју за францускиот весник „Поин“ дали Русија е „непријател број 1“ за НАТО, Столтенберг рече дека Алијансата не доделува броеви и дека се е под контрола.

„Не гледам никаква непосредна закана што доаѓа од Русија, во форма на воен напад. Но, гледам дека Русија станува посилна. Ја користи својата воена моќ против своите соседи – Украина и Грузија “, рече шефот на НАТО за францускиот весник.

Според него, Русија наводно се меша во демократските процеси во Америка и Франција, а стои и зад сајбер нападот врз германскиот и норвешкиот парламент.

„И покрај тоа што не е толку моќна како Советскиот сојуз, Русија има нуклеарно оружје и ракети што можат да стигнат до сите европски земји“, додаде шефот на НАТО.