Во скандалот во кој НАТО одбила да даде безбедносен сертификат со неиздавање на агреман за полковникот Секуловски има и втор македонски претставник кој исто така не го поминал системот на безбедносни проверки на алијансата.

Најверојатно поради контакти со странски ривалски или непријателски служби на НАТО од алијансата е вратен и соработник на полковникот Секуловски во седиштето на алијансата во Брисел.

Се работи за цивилно лице во служба на АРМ за кого како и за Секуловски контраразузнавачката служба на НАТО не можела да даде зелено светло да станат дел од тајните протоколи на алијансата.

Според она што го тврдат добро упатени извори вториот вратен имал член на семејство кој бил поранешен офицер на ЈНА.