Претседателот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, побара од Владата на Србија да издаде декларација со која ќе се осуди, како што тврди, фалсификувањето на гласовите на претседателските избори во САД, во корист на демократскиот кандидат Џо Бајден.

Особено во сојузните држави Мичиген и Висконсин. Светот може да се увери дека тие лопати уфрлаа гласачки ливчиња со заокруженото име на Бајден – рече Шешељ на прес-конференција во седиштето на партијата.

Тој рече дека Владата на Србија треба да постапи принципиелно и дека, по потпишувањето на декларацијата за осуда на изборите во Белорусија, која тој ја смета за легална, сега треба да го осуди „флагрантното кршење на волјата на граѓаните на Соединетите држави“.

Тој додаде дека српската влада со декларација треба да го поддржи противкандидатот на Бајден, републиканецот и сегашен претседател на САД, Доналд Трамп.