Шест македонски научници (Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Валентин Мирчески, Рубин Гулабоски, Трајче Стафилов и Иван Грозданов) се најдоа на листата на топ 2% најцитирани и највлијателни научници на светско ниво од сите области, публикувана од Stanford Универзитетот oд USA за 2020 година

Професорот Љупчп Коцарев (претседател на МАНУ), професорот Леонид Грчев (член на МАНУ), професорот Валентин Мирчески (Институт за Хемија при ПМФ Скопје), професорот Рубин Гулабоски (Факултет за медицински науки на Универзитетот Гоце Делчев Штип), како и пензионираните професори Иван Грозданов и Трајче Стафилов (двајцата од Институт за Хемија при ПМФ Скопје) се најдоа на листата на Stanford University USA за највлијатилени и најцитирани научници за 2020 година. На листата е и професор Ратко Јанев (член на МАНУ), кој за жал почина пред една година.

Ова е огромен успех за македонските научници и за македонската наука, знаејќи дека години наназад не постојат ни минимални услови за наука во Македонија, а годишно од буџетот на Македонија се издвојуваат помалку од 0.1% за наука во последните 15 години .