Туарезите се еден од најмистериозните народи во Африка. Има околу два милиони од нив низ цела Сахара, и тие се првенствено познати по сината облека и скитањето во пустината.

Нивниот начин на живот е многу невообичаен, особено кога станува збор за жените и нивната слобода.

Можеби нивната главна разлика од остатокот на светот е традицијата на матријархатот. Само овде на девојките им е дозволено да имаат неколку љубовници пред бракот, а мажите, откако ќе достигнат зрелост, треба да носат превез преку лицето.

Туарезите се дел од берберските народи и се претежно од муслиманска вероисповед, но нивните обичаи во голема мера се во спротивност со животот и верата на другите муслимани.

Кај Туарезите, правилото за приватност е многу важно и мора да се почитува. Жената може да ја посетува секоја вечер друг партнер, ако дојде во нејзиниот шатор во темница и го напушти пред зори. Во нивните шатори, жените се господарки.

Мажите им се додворуваат на жените така што им пишуваат песни на парче дрво и им ги подаруваат, па тие го избираат оној чии стихови најмногу ги допираат во нивните срца.

Разводите се популарни и најчесто одлучуваат жените. Во овие случаи, тие обично го задржуваат шаторот, животните и децата, а мажот се враќа во домот на своите родители.

Исто така, популарни се предбрачните договори, кои го делат имотот во случај на развод. Семејството на разведена жена прави забава како дел од нејзиниот развод и на тој начин им дава до знаење на другите мажи дека повторно е сама.

Кулминација на многу посебната положба на жената е фактот дека мажот, ако не е нејзин сексуален партнер, не може да јаде пред неа.

Жените на овој народ не го покриваат лицето, но затоа мажите го прават тоа, затоа и ги нарекуваат сините мажи на Сахара. Името доаѓа од нивната голема љубов кон индиго бојата со која се бојадисува нивната облека.

Мажите Туарези носат сини турбани и ги покриваат лицата делумно за заштита од сонце, но и како дел од традицијата на криење на емоциите. Тие почнуваат да носат превез на 25 -годишна возраст. Овој син превез го крие целото лице, освен очите.

Речиси никогаш не се соблекува, дури ни пред членовите на семејството.

Се верува дека мажите почнале да носат превез за да го заштитат лицето од песоците на Сахара, но пред се, тоа е симбол на машкиот идентитет.

Исто така, се верува дека го штити носителот од зли духови. Покрај тоа, се смета за привлечна декорација и може да се носи во различни стилови. Превезот на лицето се носи различно во различни социјални ситуации. Најчесто се носи за да се изрази почит во присуство на поглаварите, постарите и родителите на жената.