Од денеска па до петок на подрачјето на градот ќе се изврши ново прскање против комарци. Ќе биде извршена тнр. терестрична дезинсекција на подрачјето на главниот град против возрасни форми на комарци. Прскањето против комарци од земја ќе се врши во периодот од 9 до 3 часот.

–Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, известуваат градските власти.

Од Град Скопје известуваат дека пчеларите треба навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Ова лето комарците се покажаа прилишно отпорни на прскањето кое се слуши неколку пати. Градоначалникот Шилегов истакна дека влажното време и непрскањето во соседните општини се главните причина заради тоа. Препаратите со кои се прскало биле добри. Дали ова последното прскање ќе го даде посакуваниот резултат ќе се види само после 2 -3 дена.


Напишете коментар