Четвртата генерација на Škoda Octavia беше меѓу најважните новитети на автомобилската сцена во 2020 година, а привлечниот дизајн, функционалниот простор и технолошкатa еволуција уште еднаш донесоа импресивен пакет за бестселерот на чешкиот бренд.

Новата Octavia е вистински предизвик за купувачите кои не можат да го игнорираат односот вложено/добиено кај овој автомобил, па не е изненадување што оваа Škoda влезе и во финалето за изборот Европски автомобил на годината.

Но, додека ја очекуваме одлуката на почетокот на март, Octavia собира награди во голем број земји, а последната е „Автомобил на годината во Словенија“.

Колегите од девет словенечки медиуми, вклучувајќи ги „Дело“ и „Сиол“, со помош на своите читатели, ја избраа Octavia за најдобар избор за возачите во Словенија, доделувајќи и вкупно 41 глас.

Octavia го победи роднината Volkswagen Golf кој овој пат го освои второто место со 39 бодови, а на третата позиција се најде Peugeot 2008.

Во финалното гласање учествувале и Hyundai Tucson и Renault Captur, кои ги освоија четвртото, односно петтото место.