Од фудбалскиот клуб Шкупи се јавија со реакција откако од Синдикатот на фудбалери беше соопштено дека одбиле да се тестираат со оглед дека не верувале во тестовите.

Тие со соопштение објаснија дека ќе направат тестирања, но во државна институција. Од клубот открија дека веќе некои играчи спровеле тестирања, и сите биле негативни.

„Сакаме да ве информираме дека дел од играчите пред неколку недели направија тестирања, и тие се негативни“, велат од Шкупи кои напоменаа дека ситуацијата во нивниот клуб е под контрола, дека ги почитуваат мерките од властите.


Напишете коментар