Путин одговараше на прашањата во „Директната линија“ во 2001 година, од кога таа конференција се одржуваше постојано, и единственo не се одржа во 2004 и 2012 година.

Традиционалната годишна конференција на рускиот претседател Владимир Путин, на која тој одговара на прашања на јавноста, нема да се одржи оваа година во вообичаен формат, но некои нејзини елементи ќе бидат додадени на големата прес-конференција што ќе се одржи во декември, изјави денеска портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков.

Рускиот претседател традиционално и се обраќа на јавноста на конференцијата „Директна линија со Владимир Путин“, на која тој одговара на прашања што гледачите ги поставуваат преку телефон, е-пошта, писма или преку социјалните мрежи, пренесува Tas s.

Сепак, изјави Песков, претседателот во последните изминати месеци директно одговараше на прашања, па затоа и одржувањето на конференција би било излишно.

  • Затоа ќе додадеме некои елементи од „Директната линија“, кои му овозможуваат на претседателот да добие повратна информација од граѓаните од различни региони, на годишната конференција во декември – рече Песков.