Постара жена, која почина во Словенија овие денови откако беше вакцинирана против ковид-19, починала поради „повторен срцев удар“ и смртта нема никаква врска со самата вакцинација, изјави во вторникот владиниот портпарол на ковид-19 Јелко Кацин.

На владината прес-конференција, Кацин рече дека станува збор за жена во доцните години која примила вакцина Пфајзер-БиоНТек во еден од домовите за стари лица и изнемоштени, потсетувајќи дека вакцинацијата за стари лица и целото население се базира на доброволна основа и со согласност на секоја личност.

Прелиминарниот заклучок на експертите е дека станува збор за повторен срцев удар затоа што таа веќе имала еден пред тоа и дека нејзината смрт не е поврзана со вакцинацијата, рече Кацин.

Тој додаде дека заклучокот за тој случај ќе го даде независна комисија што е формирана во рамките на Министерството за здравство и дека најверојатно ќе се утврди обдукцијата на телото.