Ако парламентарните избори се денес, 18,6 отсто од Бугарите би гласале за ГЕРБ или партијата на Бојко Борисов, 16,5 осто за БСП ( социјалистите ) 9 отсто за „Има таков народ“ ( партијата на Слави Трифонов ) 5,4 отсто за ДПС ( партијата на Турците ).

Ова се сигурни учесници во следниот парламент, а шанси имаат и “Демократска Бугарија“ со 3,9 отсто и „Обединети патриоти“ ( партијата на Красимир Каракачанов ) со 3,5 отсто. Изборниот праг е четири отсто. Партијата ( коалицијата ) на Каракачанов според овие анкети нема да влезе во Парламентот по следните избори. Рејтингот на партијата е намален од 3,9 на 3,5 отсто.

Ова го покажуваат податоците од националното истражување на Истражувачката група Екзакта Рисрч Груп, спроведено во периодот 5 – 12 декември 2020 година. Врз основа на квота (по пол, возраст и вид на населено место) беа избрани и интервјуирани „лице в лице“ 1025 возрасни Бугари во 70 населби на земјата.

Прашањето за парламентарните избори беше поставено отворено – на испитаниците не им беа понудени однапред формулирани одговори.

Прашањето дали на Република Македонија треба да и се даде втора шанса да започне преговори за членство со ЕУ, не доби јасен одговор во декемвриското истражување на Екзакта Рисрч Груп.

Според 46 отсто од Бугарите, Бугарија не треба да и даде втора шанса на Република Македонија да започне преговори со ЕУ, се додека конечно не се решат спорните прашања.

Меѓу преостанатите 53 отсто од испитаниците, има две нијансирани позиции. Првата позиција е помека – 14 отсто сметаат дека треба да и дадат втора шанса на Македонија до крајот на годината ако таа покаже добар став и прогласи подготвеност за решавање на споровите.

Според втората и построга позиција – 39 отсто би и дале втора шанса на Макединија со тек на времето само доколку има конкретни докази дека споровите меѓу двете држави се решаваат.