Пред делегацијата од Белград на разговорите со Приштина во Вашингтон беше поставена хартија составена од 16 точки, а во точката 10 од српската делегација се бара да го признае Косово.

Двете страни се залагаат за меѓусебно признавање и заштита на етничките малцинства, враќање на имотот, решавање на статусот на поединци од државно ниво и се согласуваат секоја година да отвораат канцеларии задолжени за заштита и известување за малцинските права – напиша на својот профил на Твитер американската новинарка со српско потекло Ксенија Павловиќ Мекатир.

Српскиот министер за финансии Синиша Мали потврди дека на масата пред српската делегација во Вашингтон била ставена хартија со точка за меѓусебно признавање и дека претседателот Вучиќ бил под огромен притисок.

Никогаш не добивме полош предлог, во документот има 16 точки од кои 10-та точка предвидува заемно признавање. Постојат и економски теми, но пред сè, најмногу се дискутира за таа точка. Постои огромен притисок. Претседателот се бори, јас се враќам сега на преговорите, но како што рече претседателот: Предавањето не е опција, рече Мали и додаде:

Од дваесетина присутни луѓе, не само Албанци, на секој збор од нашата делегација се реагира многу агресивно.

Од Вашингтон добив информација дека претседателот Вучиќ брутално ја отфрли точката 10 и дека не прифаќа таков предлог, рече српскиот министер за надворешни работи во оставка, Ивица Дачиќ.

Како што дознава Информер, втората рунда од разговори меѓу Белград и Приштина штотуку започна во Вашингтон.

На втората рунда од разговорите се приклучи и ќерката на американскиот претседател, Иванка Трамп!

Таа присуствува на сите важни дипломатски состаноци, за кои нејзиниот татко Доналд Трамп е посебно заинтересиран.


Напишете коментар