Рускиот претседател Владимир Путин можеби е татко на нелегитимна 17-годишна ќерка, мистериозен милионер од Санкт Петербург, објави рускиот истражувачки сајт „Проект“.

Јелисавета Владимировна Кривоногих има „неверојатна сличност со рускиот претседател“, објави „Проект“, повикувајќи се на фотографиите што ги добил.

Мајката на тинејџерот, Светлана Кривоногих, е сопственик на компанија која поседува мал удел во Банката на Русија.

„Проект“ тврди дека добил копии од документите на Јелисавета, веројатно извод од матична книга на родените и дека нејзиниот татко не бил идентификуван во архивата .

Софтверот за препознавање лице, наводно, покажал сличност помеѓу Путин и Јелисавета од 70,44 проценти.

  • Можеме да донесеме заклучок дека постои поврзаност меѓу нив – рече научникот за визуелно сметање Хасан Угаj, кој изврши анализа на лицето.

Руските медиуми велат дека Путин треба да се изјасни околу ова, затоа што тие дознале дека порано тој имал афера со некоја жена која што останала анонимна.

„Проект“ соопшти дека нема да објавува фотографии од Јелисавета, родена во 2003 година и која наводно живеела под друго презиме последните неколку години. Тинејџерката наводно избришала фотографии на кои се гледа своето лице од профил на социјалните мрежи откако новинарите ја контактирале нејзината мајка.