Во Украина се на власт странски агенти, кои беа пречекани од поранешниот претседател Петар Порошенко, рече пратеникот на Врховната Рада, Давид Жванија, кој самиот „ги финансираше и поддржуваше протестите и ги поткопуваше мировните иницијативи“.

Во земјата се случува бавен реванш, рејтингот на Претседателот Зеленски опаѓа и Порошенко и неговата екипа се обидуваат повторно да дојдат на власт. Јас тоа не можам да го гледам мирно“, објасни Жванија.

Тој тврди дека „припаѓал на групата што ја презеде власта во 2014 година на бранот на народни протести“. „Ние го финансиравме Мајдан, ги поддржавме протестите во медиумите, ги блокиравме мировните иницијативи на владата, спроведовме одделни преговори со членовите на Партијата на регионите, спроведовме преговори со многу амбасади“, открива Жванија.

Тој ги опишува поранешниот претседател и неговите соработници како банда „која од самиот почеток учествуваше во Мајдан само заради моќ и лично збогатување“. Покрај Порошенко, беа и Александар Турчинов, Арсениј Јацењук и Витали Кличко. „Порошенко стана претседател како резултат на консензусот на олигарсите“, сигурен е Жванија.

Според него, петтиот претседател на Украина ги врати долговите на сите што го доведоа на власт. Но, тој не пропадна – тој „заработи“ четири милијарди долари преку корупција и ги криеше тие пари во оф-шор компании.

Зошто државниот обвинител Венедиктова се однесува како ништо да не се случува, прашува Жванија?. Затоа што таа е под влијание на странски агенти.

Се започна во 2014 година “, кога Петро Порошенко потпиша пакт со ѓаволот во замена за поддршка на изборите. „Тој се обврза да направи нешто што никој друг во светот не го прави – отворено да вклучи странски агенти во владата“, додаде тој.

Жванија ги откри и нивните имиња. Според него, мрежата ја управувал поранешниот премиер и министер за внатрешни работи на Грузија Вано Мерабишвили. Потоа, тука се извршниот директор на „Укроборомпром“, Ајварас Абромавичиус, поранешен министер на Украина, и поранешениот грузиски претседател Михаил Саакашвили.

Сегашниот Претседател Зеленски не ја спаси Украина од странски агенти, Михаел Саакашвили се уште има влијание, тој тоа го нарекува реформи, но сето тоа се сведува на фактот дека Украина треба да биде подредена на странски структури“, објаснува поранешниот пратеник за ситуацијата. Најлошо од сè, е дека Украина мора да плати за нивната субверзивна работа.

„Тие не прават ништо, но добиваат многу пари“, потенцира Жванија и додава дека „пандорината кутија“ ја отвори Порошенко во замена за поддршката на Демократската партија на Америка.


Напишете коментар