Ковид-19 случајно е излезен од Институтот за вирусологија во Вухан. Кинеските научници кои дојдоа на Запад им дадоа докази на западните служби, тврди главниот стратег на Трамп Стив Бенон.

Западните тајни служби имаат електронски докази и имаат комплетен список на оние кои имаа пристап до лабораторијата. Тие имаат многу цврсти докази, вели Бенон.

Главниот стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон (66), тврди дека коронавирусот случајно излегол од лабораторијата за вирусологија во Вухан, Кина и дека режимот во Пекинг тоа го крие.

Тој вели дека неговите тврдења се поткрепени со доказите што избеганите кинески научници им ги дадоа на западните служби и дека целиот случај ќе излезе на виделина кога ќе заврши целосната истрага.

Бенон, кој е заслужен за победата на Трамп на изборите во 2016 година и беше главен стратег на Белата куќа до август 2017 година, рече дека западните влади собираат докази за да ја обвинат Кина за пандемијата на коронавирус, што досега зарази околу 13 милиони луѓе а починати се 568.303 од заразените.

Вирусот случајно излезе од Институтот за вирусологија во Вухан, а Кина се обидува тоа да го скрие, што е адекватно на планираното масовно убиство – рече Бенон, кој сè уште има добри врски во американската администрација и за кој американските медиуми тврдат дека му помага на Трамп да победи и добие втор мандат.

Според него, западните влади се обидуваат да докажат дека вирусот не потекнува од пазарот во Вухан, како што беше првично кажано, туку дека е донесен таму.

Научниците од институтот во Вухан ја напуштаат Кина од февруари и доаѓаат на Запад. Американските разузнавачи, заедно со британските служби МИ5 и МИ6, со помош на овие научници, се обидуваат темелно да ги соберат сите докази, што може да трае со години. Сигурно знам дека кинеските научници од лабораторијата во Вухан, кои дојдоа на Запад, работат со ФБИ. Тие сè уште не се појавија во медиумите, но овие научници доставуваат докази што ја обвинуваат Комунистичката партија на Кина. Мислам дека луѓето ќе бидат шокирани на крајот, тврди Бенон, кој се опишува себеси како еден од најголемите противници на Кина и смета дека Западот треба да се обедини за да го собори „бруталниот и авторитарен“ режим во Пекинг.

Тој додаде дека западните шпиони се обидуваат да докажат дека вирусот се шири ширум светот случајно, поради несреќа за време на експериментите да се направат вакцини и лекови против вирусот сличен на САРС.

Тој посочи дека француската влада, која работела на изградба на Институтот во Вухан, остави зад себе шпионски уреди откако Пекинг го исфрли од проектот пред да се отвори лабораторијата во 2017 година.

Објектот е изграден со помош на Франција, затоа немојте да се сомневате дека таму нема шпионски уреди. Мислам дека на крајот ќе откриеме дека научниците правеле некои експерименти таму, за што немале дозвола. Некако, од невнимание, вирусот излезе, на пример, можеше да го носи еден од лабораториските техничари. Овие вируси не е тешко да се излезат од лабораторијата. Затоа тие институции се толку опасни, а нивото на безбедност во Вухан беше катастрофално – рече стратегот на Трамп.

Според него, на светот му се случи “биолошки Чернобил“.

Во основа, имавте биолошки Чернобил во Вухан со епицентарот околу лабораторијата. И, како во случајот со вистинскиот Чернобил, и тука имавме прикривање на вистината, истакна Бенон.

Тој верува дека Кина одамна криела што се случува и затоа западниот систем сега се распаѓа, а Америка ги преживува најтешките моменти во историјата.

Диктаторскиот режим во Пекинг е убиствен. Крвта е исто така и на рацете на светските корпорации – инвестициски банки, хеџ фондови и пензиските фондови. Време е тоа да се каже јавно пред да дојде до распаѓање на Западот. Америка е во најсериозната криза во историјата, поголема отколку за време на Виетнам, Студената војна, па дури и Втората светска војна. Пандемискиот и економскиот пекол заедно – заклучи Бенон.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *