Џорџ Блејк, последниот од британските шпиони чија тајна работа за Советскиот Сојуз ја понижи британската разузнавачка служба кога беше откриен за време на Студената војна, почина во Русија на 98-годишна возраст.

Велика Британија соопшти дека ги открил идентитетите на стотици западни агенти низ источна Европа во текот на 1950-тите, од кои некои биле погубени за предавство.

Блејк, за кого беше откриено дека е советски шпион во 1961 година, беше осуден на 42 години затвор.

Тој успеа да избега во 1966 година со помош на други затвореници и двајца активисти за мир, и беше прошверцуван од Велика Британија во капм приколка . Помина неоткриен во Западна Европа и влезе во источен Берлин.

Остатокот од животот го помина во Советскиот Сојуз, подоцна во Русија, каде го сметаа за херој.