Најголемиот дел од Штип два дена е без вода. Чешмите се суви во високите делови на градот, индустриските зони и дел од централното градско подрачје.

Од штипски Исар велат дефектот е голем бидејќи по санирањето на проблемот на пумпата за озонирање на водата во филтер станицата како последица од притисок екплодирала една од главните водоводни линии, по што истекла и поголема количина вода.

За да се ублажи состојбата во текот на денот на повеќе локации беа поставени цистерни. Исар помош побарал од околните градови и Армијата.