Повеќе од една четвртина од населението во Германија се имигранти или имаат имигрантско потекло, покажуваат официјалните податоци за 2019 година.

Околу 21,2 милиони, или 26 проценти од вкупното население, имаат имигрантско потекло, според податоците за 2019 година, објави Федералниот Завод за статистика.

Тоа е пораст од 2,1 процент во однос на претходната година, објави Заводот.

Најголемата поединечна група, околу 13 проценти од сите луѓе со имигрантско потекло, се од Турција или имаат корени во таа земја, соопшти Федералниот Завод за статистика.

По нив следуваат луѓе кои се по потекло или имаат корени во Полска и Русија.

Вкупно 65 отсто од сите имигранти во Германија имаат европски корени.

Во Германија, се смета дека некој има имигрантско потекло ако барем еден од неговите родители е роден надвор од Германија.

Околу 11,1 милиони луѓе или 51 процент со имигрантско потекло се родени во Германија.

Сè уште постои голема разлика помеѓу бројот на имигранти кои живеат во западниот и источниот дел на Германија.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *